Загадување на водата
Водата е еден од основните фактори за живот. Без вода не може да се живее. Со загадувањето на водата нашиот живот е потежок. При некои човечки активности се внесуваат штетни материи во водата. Отпадните води од тоалетите и улиците содржат штетни бактерии и вируси што може да предизвикаат одредени болести. Отпадните води содржат супстанции што може да им наштетат на водните растенија и животни. Во повеќето земји, комуналните отпадни води се собираат во цевки. Цевките ја носат отпадната вода до одредено место каде што се пречистува за да стане безбедна. Пречистените отпадни води не ја загадуваат животната средина.
Загадената вода може да придизвика до изумирање на одредени видови на животни и на растенија.Затоа не треба да ја загадуваме водата.
Comments
Post a Comment