,,Илијада" - Хомер (раскажана)
,,Илијада” е еп (епопеја-најголема раскажувачка форма во стихови). Таа е напишана во 15 696 стихови. Составена е од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна која траела десет години и е опишано уништувањето на градот Илиј (Троја). Според градот Илиј, овој еп го добил своето име. За автор на овој еп се смета Хомер.
1.Пеење
Во првото пеење е раскажана кавгата помеѓу Ахил и Агамемнон поради робинките. Агамемнон ја грабнал робинката на Ахил, Хрисеида. Ахил барал Хрисеида да биде вратена. Но, Агамемнон наместо да ја врати Хрисеида тој ја зел и другата робинка на Ахил, Брисеида. Навреден од постапката на Агамемнон, Ахил одбил да учествува во походот кон Троја. Ахил побарал помош од својата мајка Тетида за да му се освети на Агамемнон. Тетида побарала помош од Зевс, побарала Тројанците да победат, а Зевс му се јавува на сон Агамемнон и го подпуцнува да војува.
3.Пеење
Само што ќе се
судреле војските, Агамемнон дал предлог да се одигра меѓусебен двобој, со по
еден војник од војските. Парис сакал да му се спротивстави на најхрабриот
помеѓу Ахајците. Но, кога го видел
Менелај се уплашил и избегал. Хектор го охрабрил својот брат, и Парис се вратил
да војува. Во меѓувреме Пријам, ја повикал крај себе Елена, за од високата кула
да му ги покажува ахајските херои. Парис и Менелај започнале со битката.
Победникот од битката ќе ја задржел Елена и нејзиното богатство. Менелај бил
посилен од Парис, но Афродита пред да биде Парис поразен успева да го спаси и
го однела далеку од бојното поле. Агамемнон, сметајќи се за победник ја бара
договорената награда.
4.Пеење
Според договорот, со победата на Менелај требаше Елена да
се врати кај Ахајците и да заврши војната. Но, Хера побарала од Зевс да ја
продолжи војната се додека Троја не биде разурната. Зевс се согласил. Атена го
наговара Пандар, највештиот тројански стрелец, да го застрела Менелај. Менелај
бил лесно повреден. По повредата на Менелај спогодбата била прекината и војната
продолжила. Боговите им помагале на тие страни кон кои биле наклонети.
5.Пеење
Жестоката
борба помеѓу Ахајците и Тројанците продолжува. Борбата се одвива надвор од
ѕидините на Троја. Атена и Арес се одлучиле да ја одземат својата помош.
Ахајците напредувале во борбата. Бидејќи не војувал најголемиот јунак, Ахил, со
својата храброст се истакнуваат многумина, но особено се истакнал Диомед, кој
бил помогнат од божицата на мудроста и војната – Атена. Диомед го убил Пандар,
а ги ранил Енеј и Афродита. Тој стапил во борба со боговите и го нападнал Арес.
6.Пеење
Ахајците од ден на ден се повеќе водат. Хектор отиде кај Хекаба и ја моли да и однесе дарови на Атена за да се смилува, но таа не ги прифати подароците. Потоа, Хектор отиде кај Парис. Хектор го укорува Парис дека не ги предводи Тројанците туку само седи и ужива со Елена. За Хектор најважни биле татковината и семејството. Тој за да ја одбрани честа на неговиот брат и татко решил да замине во војна. Неговата жена Андромаха го молела да остане, но тој се чувствал должен кон својот народ и решил да му помогне. Тој жали што ќе го напушти семејството и ги моли боговите да се грижат за Андромаха и нивниот единствен син Астианакт.
7.Пеење
Хектор и Парис
им се придружиле на војниците. Атена и Аполон сакале да ги прекинат судирите и
затоа наговараат да се предизвика двобој помеѓу двајца јунаци. Оваа вест Хелен
му ја пренесува на Хектор. И тој предложил војната да биде завршена со двобој.
Ахајците се исплашиле од Хектор и не сакале да се борат, но мудриот Нестор ги
убедил дека тоа е најдоброто решение. Со жрепка бил избран Ајант, кралот на
Телемон. Ајант бил достоен противник на Хектор. Тие цел ден се бореле, но
битката завршила без победник, а вечерта си размениле скапоцени дарови.
8.Пеење
Зевс ги собрал боговите и им наредил да не му помагаат на
ниеден народ во битката. Потоа тој заминал на планината Ида и со помош на
терезијата на судбината претскажал дека победници ќе бидат Тројанците. Божиците
Атена и Хера сакале да им помогнат на Ахајците, но Зевс ги спречил. Ахајците
претрпеле големи порази. Тројанците како победници се собрале и го заобиколиле
логорот на Ахајците. Утредента Тројанците им ги запалиле корабите со цел
Ахајците да не можат да се вратат во својата татковина.
9.Пеење
Ахајците се
соочиле со тешкиот пораз. Агамемнон, по разговорот со Нестор, сфатил колку
неопходен е Ахил за да издвојуваат победа и се кае за својата грешка. Агамемнон
испратил три гласници кај Ахил кои ќе го замолат Ахил да се врати. Притоа
гласниците му однесле многу дарови и ветување од Агамемнон дека ќе ја врати
Брисеида. Но, гордиот Ахил ги одбил.
10.Пеење
Ахајците биле многу загрижени. Агамемнон заедно со Менелај
одлучил да ги испратат Диомед и Одисеј да влезат во Тројанскиот логор и да
дознаат какви им се плановите на Тројанците. На патот тие се сретнале со
предавникот Долон. Долон се исплашил и им го кажал целиот план и положба.
Диомед откако ги добил саканите информации го убил предавникот. Тој заедно со
Одисеј отидоа во леглото на тракијсикот крал Рес. Го убиле Рес и неговите 12
војнници и им ги зеле коњите.
11.Пеење
Жестоките битки продолжиле. Агамемнон се истакнува со
својата храброст, но Парис му ја повредил раката и тој се повлекол, а по него и
сите Ахајци. Одисеј и Диомед останале да се борат, но и тие за брзо биле
повредени. На помош дојдоа Манелај, Нестор и Ајант. Ахил се загрижил кога видел
дека борбата се развива во полза на Тројанците и го испратил Патрокло кај
Нестор. Нестор на Патрокло му рекол да го замоли Ахил да им помогне или да се
облече во облеката на Ахил и да го земе неговото оружје за да ги заплаши
Тројанците. Ахил
не сакал да си ја промени својата одлуката.
12.Пеење
Тројанците не запреле со напаѓањето. Тројанците предводени од Хектор, Сарпедон и Полидамант биле се поблиску до ахајскиот бедем. Полидамант на небото забележал орел со змија во канџите, што значело дека Тројанците ќе настрадаат. И покрај ваквото пророштво, Хектор продолжил со битката, со голем камен ги разбил портите на ахајскиот логор, а Ахајците во паника избегале кон корабите.
13.Пеење
Зевс бил задоволен од развојот на настаните и удобно ја
набљудувал битката од планината Ида убеден дека Тројанците ќе победат. Посејдон
го презел ликот на Калхант и ги бодрел Архајците да не се предадат. Зевс откако
разбрал што се случило веднаш им помогнал на Тројанците. Ахајците успешно се
бранеле, но Хектор ги повикал Тројанците да ги нападнат корабите и да ја
завршат војната.
14.Пеење
Тројанците се
упатиле кон ахајските кораби. Нестор се сретнал со повредените Одисеј,
Агамемнон и Диомед. Агамемнон предложил да се повлечат, но Одисеј и Диомед таа
идеја не ја прифатиле и сакале да продолжат со војувањето. Хера
го успила Зевс за да не види дека боговите им помагаат на Ахајците. Посејдон
продолжил да им помага на Ахајците. Ајант со голем камен го погодил Хектор и
тој паднал во бессознание. Тројанците го бранеле телото на Хектор и со двоколка
го однеле во Троја. Без Хектор на Ахајците им било полесно да ги истераат
Тројанците од корабите.
15.Пеење
Зевс кога се разбудил бил многу гневен поради
напредувањето на Ахајците и ја прекорил Хера. Потоа тој наредил Посејдон да
престане да им помага на Ахајците и го пуштил Аполон да му ја излекува раната
на Хектор за тој да се врати во битката. Зевс не сакал да го прекрши ветувањето
што и го дал на Тетида и затоа му помагал на Тројанците. Тој сакал да им докаже
на Ахајците дека тие не можат да победат без Ахил. Хектор бил излекуван и се вратил
со цел да ги запали корабите.
16.Пеење
Ахајците очајнички се бореле. Патрокло брзал кај Ахил.
Кога пристигнал му кажал за тешката состојба и му ја побарал неговата облека и
оружје. Ахил се согласил и му ги дал штитот, оружјето и целата опрема. Но, Ахил
го посоветувал дека откако ќе ги потисне Тројанците веднаш да се врати назад.
Патрокло жестоко се борел со Тројанците. Тројанците биле многу исплашени
бидејќи мислеле дека се борат со Ахил. Патрокло успеал да го убие Сапердон.
Патрокло заборавил да се врати кај Ахил и ги гонел Тројанците се до ѕидините на
Троја. Тројанците набргу забележале дека тоа не е Ахил. Хектор го прободил со
копјето, а Ахајците се бореле да го одбранат неговото мртво тело.
17.Пеење
Хектор ја зел облеката на Патрокло како трофеј. Ахајците
го бранеле телото, а Тројанците сакале да го фрлат на кучињата. Ајант и Менелај
ги задушуваат нападите, Менелај се
плашел дека нема да успее да го зачува телото. Тој пратил гласници кај
Ахил, а тој и Мерион успеале да го спасат телото.
18.Пеење
Антилох му ја пренел веста на Ахил дека неговиот најдобар пријател Патрокло загинал. Ахил бил многу тажен. Мајка му, Тетида го тешела. Ахил станал многу гневен и повторно побарал помош од мајка му, од неа побарал ново оружје и опрема. Божицата Хера го советувала да излезе без оружје. Ахил излегол и испуштил страшен крик. Тројанците се исплашиле и почнале да бегаат. Телото на Патрокло било донесено во шаторот на Ахил. Ахил држејќи го телото на својот пријател се заколнил дека нема да го закопа се додека не го убие Хектор на Олимп. Тој го замолил богот Хефест да му направи оружје и опрема, Хефест од почит кон неговата мајка ја направил опремата и оружјето. Хефест опремата му ја дал на Тетида, а таа му ја однела на својот син Ахил.
19.Пеење
Ахил пред да ја облече опремата решил да оди кај Агамемнон
за да се помират. Пред сите војници Ахил му се извинил на Агамемнон и му рекол
дека нема потреба од гнев бидејќи гневот ќе им донесе полза на Тројанците.
Агамемнон му се извинува за навредата, му дал дарови и му ја вратил Брисеида.
Ахил ги прифатил даровите и предложил веднаш да тргнат во битка. Одисеј барал
да се одморат и да ручаат. Неговиот предлог бил прифатен. Ахил заедно со
Брисеида заминале во неговиот шатор. Брисеида кога го видела Патрокло започнала
да плаче. Атена му дала нектар на Ахил. Од нектарот Ахил добил сила и ја
облекол новата опрема и бил спремен за борба.
20.Пеење
Со помирувањето на Ахил и Агамемнон, Зевс го исполнил
ветувањето на Тетида. Тој ги собрал боговите на планината Олимп и им дозволил
да се вклучат во војната. Некои богови биле на страната на Ахајците, а некои на
страната на Тројанците. Од страната на Ахајците биле Хера, Атена, Хермес,
Посејдон и Хефест. Од страната на Тројанците биле Аполон, Афродита, Арес и
Артемида. Со оваа дозвола започнува најстрашната и најкрвава борба. Ахил лесно
ги победувал Тројанците. Ајнеј фрлил копје кон Ахил, но не успеал да го пробие
неговиот штит. Ахил се спасил од Ајнеј, и успеал да го пробие неговиот штит.
Посејдон го обвил Ајнеј со магла и го однел надвор од бојното поле бидејќи
нему му било судено еден ден да владее со Троја. Ахил продолжил да ги убива
тројанските војници. Тој сакал да го пронајде и да го убие Хектор, но Аполон го
заштитил Хектор со густа магла.
21.Пеење
Ахил со своето ново оружје безмилосно ги убивал Тројанците. Реката Скамандар се обоила во црвено од крвта на загинатите војници. И била преполнета со трупови. Боговите го предупредиле Ахил да го контролира својот бес, но тој продолжил да ги убива Тројанците. Се кренал бран кој за малку ќе го убиел Ахил, но Хефест го спасил. Боговите им помагале на своите миленици. Настанала голема кавга помегу боговите и тие војувале едни против други. Тројанците се уплашиле од борбата помеѓу боговите и се повлекле од градот.
22.Пеење
Ахил конечно стигнал до Хектор. Хектор кога го здогледал Ахил го фаќа паника и избегал. Аполон го охрабрил Хектор да се соочи со Ахил. Ахил по кратката битка го поразил Хектор. Телото на Хектор, Ахил, го однел во ахајскиот логор и го врзал за својата двоколка и трипати ги обиколил бедемите на Троја. Сите Тројанци тагувале. Тагуваше и жената на Хектор, Андромаха, која од бедемот го гледала Ахил како го измачува телото на Хектор.
23.Пеење
Ахајците се радувале бидејќи со смртта на Хектор, значело
дека тие ќе ја издвојуваат победата. Опремата на Хектор ја зел Ахил и се вратил
во ахајскиот логор. Ахил на морскиот брег му оддавал почит на телото на
Патрокло. Насреде логорот изградил клада, го положил телото на Патрокло и го
запалил оганот. Пепелта од телото ја собрале во златна урна и ја закопале. Ахил
организирал натпревар во разни воени дисциплини. На натпреварите учествувале
силините ахајски јунаци Одисеј, Диомед, Ајант и др. Натпреварите биле во
трчање, борење, фрлање на копје, трка со двоколки и други дисциплини.
Победниците на натпреварите добивале старо оружје.
24.Пеење
Ахил неколку дена го оплакуваше Патрокло и секое утро го влечеше телото на Хектор околу гробот на Патрокло. Пријам го гледал Ахил како го влече неговиот син и го оплакувал. На боговите им здодеало Ахил секое утро да го влече телото на Хектор и затоа Зевс ја испратил Тетида кај Ахил за да му каже дека треба да го предаде телото на Хектор на Пријам. Од друга страна ја испратил Ирида кај Пријам за да му каже да земе дарови и да оди кај Ахил за да го откупи телото на својот син. Со помошта на Хермес, Пријам пристигна во ахајскиот логор и му ги даде даровите на Ахил. Ахил ги прифатил даровите и ја прекинал војната онолку дена колку што би биле потребни за погребалната свеченост. Слугинките на Ахил го измиле телото на Хектор и го предале на Пријам. Пријам наредил да се изгради клада и телото на Хектор било свечено спалено. Со погребот на Хектор и погребалните свечености кои траеле 12 дена завршува Хомеровиот еп.
Comments
Post a Comment