Митот за златното јаболко
Во ,,Митот за златното јаболко" се раскажува како и зошто започнала Тројанската војна. Овој мит е во основата на епот ,,Илијада".
Во пештерата на кентаурот Хирон се слави свадбата на Тетида и Пелеј. Сите божества биле поканети, освен Ерида (божицата на кавгата). Тоа ја разгневува и решава да се одмази. За таа цел таа создала златно јаболко на кое пишувало ,,за најубавата” и го фрлила пред Хера, Атена и Афродита. Трите божици се карале за тоа која од нив треба да го земе јаболкото. Зевс, за да не се занемари со трите божици: Хера, Атина и Афродита; го праќа Хермес да го доведе овачарот Парис да одлучи која од трите божици е најубава. Парис бил син на Пријам и Хекаба, но не пораснал со нив бидејќи било претскажано дека ќе ја уништи Троја. Сите три за да го придобијат му понудиле по нешто. Хера му ветила дека ќе го направи господар на Азија и најбогат човек на светот, Атена рекла дека ќе го направи победник во сите битки, најубав и најпаметен, а Афродита му ја понудила најубавата жена на светот Елена. Парис откако ги ислушал одлучил да и го даде јаболкото на Афродита и така ја добил Елена, но и многу непријатели. Грабнувањето на Елена е поводот за десетгодишната Тројанска војна.
Навредениот
Менелај, мажот на Елена, побарал помош од својот брат Агамемнон, а тој, пак ги
повикал кралевите на сите Ахајски племиња во освојување на богатиот и
најубавиот град Троја.
Војната
ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на Менелај и крал на Микена); Диомед (крал на Калидон); Одисеј (крал на
Итака); Ахил (син на Пелеј, крал на Мирмидонците); Нестор (крал на Пил) – за да се осветат за
грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и
робинките.
Во
одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на Троја кој веќе бил стар
за војување и брат на Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.
Во војната се
вмешале и боговите.
Зевс е
неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто
сметал дека земјата е пренаселена.
Аудио верзијата од овој мит можете да ја пронајдете на мојот Јутуб канал:
https://www.youtube.com/watch?v=7WTXygiaOV0 (Млади генијалци)
На чија страна биле боговите? |
|
Ахајците |
Тројанците |
Хера |
Афродита |
Атена |
Артемида |
Хермес |
Арес |
Посејдон |
Аполон |
Хефест |
|
Comments
Post a Comment