Микробит
Микробит е мини компјутер. Тој е измислен и направен од BBC. Тој им помага на децата во сознавање на програмирањето и употребата на компјутерите. Микробитот има големина од 4 до 5 центиметри. Тој се состои од 25 лед сијалички и конектори. На него можат да се изработуваат различни програми. Тој може да се напојува со поврзување на USB кабел со нормален компјутер, а во иднина ќе се напојува и од две ААА батерии. Микробитот е наследник на компјутерот Микро кој бил претставен во 1981 година, но за разлика од него Микробитот е 18 пати побрз, 70 пати помал и 617 пати полесен. Микробитот е бесплатен за секој ученик во 7-мо одделение во Велика Британија. Неговата цена во другите земји изнесува 22 долари или околу 19 евра.
Comments
Post a Comment