Posts

Митот за златното јаболко

Image
Во ,,Митот за златното јаболко" се раскажува како и зошто започнала Тројанската војна. Овој мит е во основата на епот ,,Илијада".     Во пештерата на кентаурот Хирон се слави свадбата на Тетида и Пелеј. Сите божества биле поканети, освен Ерида (божицата на кавгата). Тоа ја разгневува и решава да се одмази. За таа цел таа создала златно јаболко на кое пишувало ,,за најубавата ” и го фрлила пред Хера, Атена и Афродита. Трите божици се карале за тоа која од нив треба да го земе јаболкото. Зевс, за да не се занемари со трите божици: Хера, Атина и Афродита; го праќа Хермес да го доведе овачарот Парис да одлучи која од трите божици е најубава. Парис бил син на Пријам и Хекаба, но не пораснал со нив бидејќи било претскажано дека ќе ја уништи Троја. Сите три за да го придобијат му понудиле по нешто. Хера му ветила дека ќе го направи господар на Азија и најбогат човек на светот, Атена рекла дека ќе го направи победник во сите битки, најубав и најпаметен, а Афродита му ја понудила на...

,,Илијада" - Хомер (раскажана)

Image
      ,,Илијада ” е еп (епопеја-најголема раскажувачка форма во стихови). Таа е напишана во 15 696 стихови. Составена е од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна која траела десет години и е опишано уништувањето на градот Илиј (Троја). Според градот Илиј, овој еп го добил своето име. За автор на овој еп се смета Хомер. 1.Пеење       Во првото пеење е раскажана кавгата помеѓу Ахил и Агамемнон поради робинките. Агамемнон ја грабнал робинката на Ахил, Хрисеида. Ахил барал Хрисеида да биде вратена. Но, Агамемнон наместо да ја врати Хрисеида тој ја зел и другата робинка на Ахил, Брисеида. Навреден од постапката на Агамемнон, Ахил одбил да учествува во походот кон Троја. Ахил побарал помош од својата мајка Тетида за да му се освети на Агамемнон. Тетида побарала помош од Зевс, побарала Тројанците да победат, а Зевс му се јавува на сон Агамемнон и го подпуцнува да војува.   2.Пеење      Агамемнон, поттикнат о...

Загадување на водата

Image
Водата е еден од основните фактори за живот. Без вода не може да се живее. Со загадувањето на водата нашиот живот е потежок. При некои човечки активности се внесуваат штетни материи во водата. Отпадните води од тоалетите и улиците содржат штетни бактерии и вируси што може да предизвикаат одредени болести. Отпадните води содржат супстанции што може да им наштетат на водните растенија и животни. Во повеќето земји, комуналните отпадни води се собираат во цевки. Цевките ја носат отпадната вода до одредено место каде што се пречистува за да стане безбедна. Пречистените отпадни води не ја загадуваат животната средина. Загадената вода може да придизвика до изумирање на одредени видови на животни и на растенија.Затоа не треба да ја загадуваме водата.  

Микробит

Image
Микробит е мини компјутер. Тој е измислен и направен од BBC. Тој им помага на децата во сознавање на програмирањето и употребата на компјутерите. Микробитот има големина од  4 до 5 центиметри. Тој се состои од 25 лед сијалички и конектори. На него можат да се изработуваат различни програми. Тој може да се напојува со поврзување на USB кабел со нормален компјутер, а во иднина ќе се напојува и од две ААА батерии.  Микробитот е наследник на компјутерот Микро кој бил претставен во 1981 година, но за разлика од него Микробитот е 18 пати побрз, 70 пати помал и 617 пати полесен. Микробитот е бесплатен за секој ученик во 7-мо одделение во Велика Британија. Неговата цена во другите земји изнесува 22 долари или околу 19 евра.

Планетите во Сончевиот систем

Image
   Сончевиот систем е составен од Сонцето како центар на системот, 9-те планети кои орбитираат околу него, ѕвезди, комети и други вселенски објекти. Деветте планети се: Меркур, Венера, Земја,  Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон. Се верува дека планетите ги добиле нивните имиња според Римските богови. Од сите овие планети само на Земјата има живот. Најголема планета е Јупитер. Најжешката планета е Меркур, а најладна е Плутон.    Земјата има еден природен сателит, Месечината. Ние од Земјата ја гледаме само едната страна на Месечината. На Месечината и се потребни 28 дена за да ја обиколи Земјата. Земјата е третата планета во Сончевиот систем.     Некои научници не ја сметаат планетата Плутон за планета и без неа во Сончевиот ситем се вбројуваат 8 планети. Во Сончевиот систем има и некои џуџести планети.