Митот за златното јаболко
Во ,,Митот за златното јаболко" се раскажува како и зошто започнала Тројанската војна. Овој мит е во основата на епот ,,Илијада". Во пештерата на кентаурот Хирон се слави свадбата на Тетида и Пелеј. Сите божества биле поканети, освен Ерида (божицата на кавгата). Тоа ја разгневува и решава да се одмази. За таа цел таа создала златно јаболко на кое пишувало ,,за најубавата ” и го фрлила пред Хера, Атена и Афродита. Трите божици се карале за тоа која од нив треба да го земе јаболкото. Зевс, за да не се занемари со трите божици: Хера, Атина и Афродита; го праќа Хермес да го доведе овачарот Парис да одлучи која од трите божици е најубава. Парис бил син на Пријам и Хекаба, но не пораснал со нив бидејќи било претскажано дека ќе ја уништи Троја. Сите три за да го придобијат му понудиле по нешто. Хера му ветила дека ќе го направи господар на Азија и најбогат човек на светот, Атена рекла дека ќе го направи победник во сите битки, најубав и најпаметен, а Афродита му ја понудила на...