Posts

Showing posts from April, 2018

Загадување на водата

Image
Водата е еден од основните фактори за живот. Без вода не може да се живее. Со загадувањето на водата нашиот живот е потежок. При некои човечки активности се внесуваат штетни материи во водата. Отпадните води од тоалетите и улиците содржат штетни бактерии и вируси што може да предизвикаат одредени болести. Отпадните води содржат супстанции што може да им наштетат на водните растенија и животни. Во повеќето земји, комуналните отпадни води се собираат во цевки. Цевките ја носат отпадната вода до одредено место каде што се пречистува за да стане безбедна. Пречистените отпадни води не ја загадуваат животната средина. Загадената вода може да придизвика до изумирање на одредени видови на животни и на растенија.Затоа не треба да ја загадуваме водата.  

Микробит

Image
Микробит е мини компјутер. Тој е измислен и направен од BBC. Тој им помага на децата во сознавање на програмирањето и употребата на компјутерите. Микробитот има големина од  4 до 5 центиметри. Тој се состои од 25 лед сијалички и конектори. На него можат да се изработуваат различни програми. Тој може да се напојува со поврзување на USB кабел со нормален компјутер, а во иднина ќе се напојува и од две ААА батерии.  Микробитот е наследник на компјутерот Микро кој бил претставен во 1981 година, но за разлика од него Микробитот е 18 пати побрз, 70 пати помал и 617 пати полесен. Микробитот е бесплатен за секој ученик во 7-мо одделение во Велика Британија. Неговата цена во другите земји изнесува 22 долари или околу 19 евра.

Планетите во Сончевиот систем

Image
   Сончевиот систем е составен од Сонцето како центар на системот, 9-те планети кои орбитираат околу него, ѕвезди, комети и други вселенски објекти. Деветте планети се: Меркур, Венера, Земја,  Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон. Се верува дека планетите ги добиле нивните имиња според Римските богови. Од сите овие планети само на Земјата има живот. Најголема планета е Јупитер. Најжешката планета е Меркур, а најладна е Плутон.    Земјата има еден природен сателит, Месечината. Ние од Земјата ја гледаме само едната страна на Месечината. На Месечината и се потребни 28 дена за да ја обиколи Земјата. Земјата е третата планета во Сончевиот систем.     Некои научници не ја сметаат планетата Плутон за планета и без неа во Сончевиот ситем се вбројуваат 8 планети. Во Сончевиот систем има и некои џуџести планети.